Ветување
Најпрво пчелите ненадејно престанале да ги опрашуваат цвеќињата кои
мајката ги садеше до работ на градината.
Цвеќето не можеше да знае дека пчелите веќе месец дена
тагуваат, дека не излегуваат во мокрите црнини.
Во новогодишната вечер, вели прешепотуваната легенда,
Симоне Буе и Емил Сиоран седеле на трпезариската
маса во тишина.
На полноќ, некој затропал на вртата.
„Не отворај“, рекол мирно Сиоран џвакајќи го залакот
залеан со бургундец, „тоа љубовта доаѓа по нас.“
На небото згасна ѕвезда, кон која ројот
се оријентираше, за да дојде до мајчиното цвеќе на работ
од градината.
Затоа тагуваат.
Неуслишливо замирисуваат утринските молитви.
Ни една градина не успева да потврди, како небото над
него со напор ги проширува и варди вратата.
Дали да ги поканам на сочувство, на соучествување во тагите?
Наутро мравките ја пренесуваат накисната пчела, ѕвездата пак
се запалува од првото око.
Некој пред вратата го крши зглобот на прстот подготвен за
тропањето, поканет на волошепство како на млак чај.
Prepjev na makedonski – Seida Beganović